Како да се регистрирате како продавач на AgriFarm.mk и да започнете со продажба на домашни производи ?
- Кликнете на копчето "Нов Профил".
- Изберете ја опцијата "Јас сум продавач".
- Пополнете ги потребните информации за регистрација.
- По успешната регистрација, најавете се на вашиот профил.
- Во менито "Мој Профил", во делот Продукти, започнете со додавање на вашите продукти.
- Име на продуктот
- Краток опис
- Категорија (мед, сирење, зеленчук, и др.)
- Цена
- Начин на достава
- Цена за достава (доколку ја знаете; ако не, оставете празно)
- Поставете слика од производот
- Кликнете "Зачувај" за да го објавите производот.
Во делот "Нарачки", имате целосен преглед на сите нарачки што ги добивате.
За секоја нова нарачка ќе добиете известување на е-пошта. За измена на статус на нарачка и купувачот добива е-пошта известување.
Во делот "Подесувања", додадете опис и слика за вас или вашиот бизнис.
Овој дел е важен за купувачите да добијат подобар увид во тоа кој стои зад производите што ги купуваат.
Започнете денес, споделете го вашиот труд со поширока публика и поврзете се со купувачи од цела Македонија!












