Смирувачко масло за убод од инсекти, се состои од етерични масла кои имаат антиинфламаторни, аналгетски и разладувачки својства кои помагаат при каснување од бубачки. Ги користиме есенцијалните масла од лаванда, масло од чајно дрво и масло од пеперминт, а како носачко масло го избравме маслото од сладок бадем.
Лавандата, и маслото од чајно дрво, содржат антивоспалителни својства. Тие помагаат да се намали отокот, црвенилото и воспалението предизвикано од каснувања на бубачки, ублажувајќи ја непријатноста.
Маслото од пеперминт има аналгетски својства, ја смирува болката и предизвикува чувство на ладење.
Маслото од чајно дрво е нашироко препознатливо по неговите антисептички својства. Со дезинфекција на погодената област, помагаме да се спречи инфекција и се промовира заздравувањето.
Лавандата благотворно делува да се смири иритираната кожа и да се намали желбата за чешање, спречувајќи инфекција и понатамошна иритација.
Тие го забрзуваат процесот на заздравување со поттикнување на поправка на ткивото и регенерација на клетките.
Маслото од сладок бадем е лесно хидратантно масло и е добро за навлажнување на кожата.
Богат извор на витамин Е и есенцијални масни киселини. Ја забрзува регенерацијата и ја храни кожата.
Со помош на ролерот, лесно нанесуваме на погодената област и нежно масираме.
🔸10мл - 250 денари



















~2.jpg)


