Ние сме семејство што сами си ја произведуваме артичоката, Cynara cardunculus var. scolymus и така го заокружуваме процесот на производство со правење на готови производи без адитиви и конзерванси.
Целиот процес се одвива со цел - промоција на здрави намирници за нашата локална заедница и воведување на нова алтернативна храна која ќе го подобри квалитетот на исхраната на нашето население, исто така и квалитетот на нашата фармерска рурална економија.
Заедно градиме еден ланец на поквалитетно живеење на локалната заедница. Вашето тело ќе ви биде благодарно ако ја внесете артичоката во вашето дневно мени.
За големата ,,мала`` рурална економија на мама Љубица Џониќ и билките на Јоана - Joana`s herbs.