0
1
2
3
0 1 2 3

Ликер од багрем 250 мл.

Цена: 300 денари
Категорија: Алкохол
Преку карго доставувачи

🥂 Ликер од багрем (250 мл.) 

🌸 Природен, нежен и ароматичен направен од свежо набрани цветови на багрем од чиста планинска средина. Овој ликер носи дел од мирисот и тишината на природата преточени во шише.

Има интензивен цветен вкус, лесна сладост и мирис што потсетува на пролетен ден под багремови дрвја.

🍃 Одличен е како лесен аперитив, со коцка мраз, како додаток во коктели или за посебни моменти на уживање и тивко славење на животот.

📝 Да се чува на темно и ладно место

🧡 Секое шише е создадено со љубов, внимание и благодарност кон природата. Вкус што лекува, негува и развеселува.


Напиши коментар

Треба да бидете најавени за да напишете коментар

Дарови од природата - Елена Луково

Регистриран продавач од 09/06/2025

  • 075/524-262
  • elenium77@yahoo.com
  • Село Луково - Јабланица Струга
Опис за производителот
Сместени во село Луково, на прекрасната планина Јабланица, нашето мало домаќинство создава природни производи со љубов, грижа и длабока почит кон природата. Нудиме домашни маслени мацерати, тинктури, ликери и мелеми направени од рачно набрани билки, каде секој производ ја носи душата на шумата – создаден со внимание, од берба до пакување. Нашата мисија е да ги споделиме даровите од природата со сите кои ја ценат едноставноста, автентичноста и чистотата.

Потврди Откажи
Измени