Именувано по ПАДИНА, локалитет јужно од селото. Куве направено од сортите Вранец и Каберне Совињон - суво црвено вино со незаборавен карактер. Дали ќе откриете ароми на кокос, малини, јаткасти плодови или јагоди, останува да се види 😊. Можеби ќе откриете хармонична мешавина од суптилни, рафинирани, деликатни или дури и моќни ароми. Она што сигурно ќе се препознае е вино направено со мерак и со внимание, созреано вино, кое пренесува чувство на мир и спокојство, но и на сила и самодоверба.
*Падина беше оценет со сребрен медал на Wine Vision by Open Balkan 2025 во Белград.
Повеќе за нас овде и на инстаграм.













.png)












