Грозјето од сортата „Хамбург мускат“ е всушност трпезно грозје, но токму тоа ни беше предизвик за производство на розе вино од таа сорта. Сметаме дека резултатот е мошне успешен! Името, секако, го доби по едно место во нашето село, ПЕШ. Не е познато зошто оваа сорта грозје го носи истото име како и градот Хамбург. Според некои извори, таа се одгледувала во оранжерии во Хамбург во околу 1836 година и оттаму пристигнала во Англија во 1860 година. Како и кога пристигнала на Балканот, (сè уште) не знаеме.













.png)












